Костовски: 1,9 милиони евра за реконструкција на „Искрин мост“

Интензивно се работи на зајакнување на средните столбови на мостот над реката Пчиња, познат како „Искрин Мост“ на регионалниот пат Куманово-Свети Николе. Мостот има осум средни столбови и два крајни. Паралелно се работи на зајакнување на двата главни челични носачи со предвидените санациони работи според проектната документација. Владата за реконструкцијата на „Искрин мост“ која е целосно во согласност со европските стандарди и квалитети одвои 1,9 милиони евра, рече на вчерашната прес-конференција, пратеникот и претседател на Општинската организација на СДСМ Куманово, Мартин Костовски.

– Оваа реконструкција опфаќа санација на темелите, санација на столбовите и нивно појачување со нов бетон и арматура, ќе се изврши промена на старите лежишта со нови еластомерни лежишта, а исто така предвидено е и зајакнување на главните и попречните челични носачи, нов асфалтен слој, изведба на нови тротоари, нова еластична ограда и други неопходни градежни активности, изјави  Мартин Костовски, претседател на ОО на СДСМ Куманово и пратеник

Изведувач на работите е „Синтек Инженеринг“ од Скопје“, а надзор е „Геинг“ од Скопје. Инвестициона вредност е 99.544.872,00 денари без ДДВ. Инвеститор е Јавното претпријатие за државни патишта. Рокот за завршување на целокупните санациони работи е 24 месеци од воведот во работа, односно до први јуни, 2022 година. Мостот е изграден пред 50-тина години и досега не е извршена санација. „Искрин мост“ кој се наоѓа во близина на Доброшане е еден од најдолгите во државата и изнесува 335 метри.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)