СВР Куманово поднесе кривична пријава против 29-кумановец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според МВР, на 16.09.2025 полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово извршиле претрес во домот на пријавениот, при што бил пронајден и одземен кокаин.