СВР Куманово поднесе кривична пријава против 41-годишен жител на с.Оризаре, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 05.01.2026 во с.Оризаре, полициски службеници извршиле преглед во продажен објект на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени пиротехнички средства.