КУД „Српски вез“ ќе прослави осум години постоење

По повод осум години постоење и работа, Културно уметничко друштво „Српски вез“ од Куманово ќе одржи Годишен концерт. Концертот ќе се одржи задутре, во сабота, на платото пред Центарот за култура со почеток од 18 часот.

Предвидено е да настапат сите фолклорни секции на друштвото заедно со оркестарот, етно групата и солистите. Специјални гости во програмскиот дел ќе бидат и членовите на Детскиот културен центар „Карпош“ од Скопје.

Најавено е присуство на Амбасодорите на Србија и БиХ, како и истакнати лица од културата од Србија и Македонија.

Концертот ќе се одржи согласно протоколите за заштита од пандемијата, а е подржан од Министерството за култура на Македонија, Управата за соработка со дијаспората и Србите од регионот како и од Општина Куманово.

Коментари

коментар(и)