Секторот за внатрешни работи Куманово соопшти дека на 08.01.2026 година во 22:10 часот во село Челопек, општина Старо Нагоричане, полициски службеници лишиле од слобода 48-годишен кумановец. Според СВР Куманово, при контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле возило „фолксваген“, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2.28 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.