Кумановец кршел во угостителски објект

Полициски службеници од СВР Куманово вчера привеле 49 -годишен жител на селото Младо Нагоричане бидејќи претходно оштетил инвентар во угостителски објект на улицата „Доне Божинов“ во Куманово и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.  Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од  СВР Куманово.