Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово вчеравечер лишиле од слобода 44-годишен кумановец, постапувајќи по претходна пријава дека се заканувал на неговата сопруга. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Доцна синоќа, околу 23 часот полициски службеници од СВР Куманово го привеле 31-годишен кумановец затоа што физички ја нападнал неговата сосетка на возраст од 44 години. Против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија од Секторот за внатрешни работи.