Кумановец со кривична за напад врз полицајци

Триесет и осумгодишен кумановец доби кривична пријава под сомнение дека нападнал полициски службеници.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ж.А.(38 години) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при извршување работи од безбедноста“, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, пријавениот физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија.