Од билтенот на МВР издвојуваме:
29-годишна жена од Куманово вчера пријавила дека претходниот ден околу 16.00 часот, нејзиниот девер се заканувал со остар предмет и физички ги нападнал нејзиниот свекор и малолетната ќерка. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Вчеравечер во 22.15 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 59-годишен кумановец бидејќи со огнено оружје се заканувал на неговиот внук. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, соопштија надлежните.