Кумановец ќе одговара за „телесна повреда“ и за „вонбрачен живот со дете“

25- годишен кумановец доби кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ и „вонбрачен живот со дете“, соопшти Министерството за внатрешни работи. Паралелно, кривично ќе одговара и 45-годишен кумановец поради постоење основи на сомнение за кривично дело „вонбрачен живот со дете“, информираат од МВР.

Според надленжите, на 25 јуни годинава првопријавениот во семејниот дом, по претходна расправија, физички ја нападнал неговата малолетна вонбрачна сопруга.

– Второпријавениот, кој е татко на малолетничката, дозволил неговата малолетна ќерка да живее во вонбрачна заедница со првопријавениот, стои во соопштението.

Коментари

коментар(и)