МВР информира дека на 26 март годинава во 15.00 часот во Полициска станица Кисела Вода, 38-годишен скопјанец пријавил дека околу 14.00 часот, на игралиште во основно училиште на подрачјето на Кисела Вода, неговиот малолетен син, по претходно недоразбирање со друг малолетник, бил физички нападнат од 58-годишната Р.И. од Куманово.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.