Куманово викендов пречека стотина боксери од повеќе држави

Во организација на боксерскиот клуб „Куманово 84“ викендов на градскиот плоштад беше одржан меѓународен турнир во бокс. Турнирот се одржува по петти пат, во чест на славниот тренер Мирослав Петровиќ, кој во текот на работниот век се посветил на создавање на врвни спортисти, боксери, кои ја испишуваа историјата на боксот низ годините.
На турнирот учествуваа 120 боксери од Македонија, Србија, Словенија, Романија, Молдавија, Полска, Палестина и Азербејџан.
Присутните на градскиот плоштад имаа можност да проследат 17 финални борби.
Настанот беше реализиран со поддршка на Министерството за спорт на РСМ, Боксерската федерација на Македонија и Општинскиот сојуз на спортови Куманово – ОССК.