Куманово го декласира Работнички (ВИДЕО)

Екипата на Куманово ја искористи незгодната ситуација во која се наоѓа Работнички за да му го нанесе најтешкиот пораз оваа сезона во домашното првенство.

Центарци заминаа на север со само осуммина сениори откако во текот на неделата клубот го напушти Николиќ, а Торнтон немаше право на настап поради ограничениот број странски кошаркари. Во такви услови Рабнотнички беше конкурентен само околу 16 минути, а на крајот загуби со огромни 25 поени разлика (70-95).

 

Коментари

коментар(и)