За 24 проценти се зголемува цената на водата за пиење, одведување на урбаните води и за прочистување на отпадните води. По речиси четиричасовна расправа мнозинството во Советот на општина Куманово донесе одлука за зголемување на вкупната цена на водата за 2024 година. Паралелно, донесена е одлука и за зголемување на цената на водата во 2025 во износ од 28 проценти, а во 2026 година водата ќе поскапе за дополнителни четири проценти.
Според Стојмановски, новата цена на водата ќе биде 65,54 денари, наместо досегашните 52,98 денари за метар кубен.
„Ако се смета дека просечната сметка месечно по корисник изнесува 700 денари, со новото зголемување корисниците би плаќале дополнителни 165 денари, односно 865 денари месечно за вода, а на годишно ниво тоа би изнесувало 2016 денари“, рече Стојмановски.