Кумановци за новите цени на бензините: Автомобилите во гаражи, ќе одиме пеш

Од ноќеска на полноќ бензнот поскапе за 3,5 денари, а дизелот за 8,5 денари. Па така, Еуросупер БС 95 изнесува 93 денари, а Еуросупер БС 98 изнесува 95 денари. Цената на Еуродизер е 94 денари.

Кумановци кои што ги прашавме велат дека не помнат вакви високи цени. Стравуваат од покачувањето кое велат значајно ќе влијае врз семејниот живот. Дел од нив и предлагаат автомобилите да се остават во гаражи, и да се оди пеш.

-Не можам ништо да кажам, тоа го одлучува Владата. Ќе останеме со празни џебови, ќе ни ги испразнат-вели еден граѓанин.

-Многу е тешко, 2 евра ќе  биде, не паметам досега вакво покачување, автомобилите можеме да ги ставиме во гаражи, само пеш да одиме со вакви давачи, не е само горивото се се качи-дополнува друг.

-Цените ќе си одат нагоре, економијата како што знаете светот ја прави. Не можеме да ја издржиме ова, јас можеби можам затоа што имам западно-европска пензија, но оној што има 10.000 денари тој не може да издржи, да даде за лекови, струја, комуналии-нагласи трет.

Коментари

коментар(и)