Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против двајца жители на кумановското село Љубодраг, на возраст од 61 и 66 години, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „мачење животни”, информира МВР.
Според надлежните, пријавените, на 24 јануари годинава во селото Љубодраг со тврди предмети го удирале кучето на нивниот сосед , откако претходно влегло во нивна штала и усмртило 15 нивни кокошки.