Кумановци пијат безбедна и квалитетна вода

Извештајот од Институтот за јавно здравје позитивно ја оцени работата на ЈП „Водовод”. Во него се вели дека кумановци пијат безбедна и квалитетна вода, а резултатите од лабораторијата се регистрираат и во дневници и дигитално, соопштија денеска надлежните од претпријатието.

– На филтер станицата во изминатите години извршени се повеќе интервенции со цел на подобрување и осовременување на работата во пречистување на водата. Бунарското одделение е реновирано со нови керамички плочки, пластични капаци и прозорци, со што е зголемено нивото на хигиена во објектот каде се пречистува водата. Реновирана е и хлоринаторската станица каде што исто се подобрени условите за работа и хигиената во објектот. Опремата и пумпите се редовно сервисирани, а изработени се и нови фундаменти за дел од нив, по дадена спецификација од стручни лица од страна на сервисерот, изјави директорот на ЈП „Водовод”, Горан Стојковски. Истовремено, со свои средства ЈП Водовод Куманово инвестираше во комплетно нови пумпи во дренажниот систем Бедиње, како и во нова, најсовремена хлоринаторска станица, чија изведба е во тек, а во план е и замена на 42 пневматски вентили со Ф100 – Ф250 кои се во функција на пречистувањето на водата, додава Стојковски.

Како препораки во извештајот е наведена стручна и научна дообука на персоналот, потреба од обезбедување финансиски средства за замена на 42 вентили во фабриката, се задолжува АД Водостопанство да известува за интервенции на доводниот цевковод до филер станицата и да изработи елаборат за заштитни зони околу акумулациите Липково и Глажња чија вода се користи за водоснабдување на населението од Куманово.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)