Деветнаесетгодишна кумановка се здобила со тешки телесни повреди, откако во неа удрил автомобил управуван од жител на Куманово.
Министерството за внатрешни работи информира дека вчера 14,20 часот на крстосницата од улицата „Кирил и Методиј“ и улицата „Перо Чичо“, 43 годишен кумановец управувајќи патничко моторно возило „мазда“ со кумановски регистарски ознаки удрил во 19 годишна девојка.
По незгодата , повредената била пренесена во Општа болница Куманово каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.
Извршен е увид на местото на настанот, а полицијата работи на целосно расчистување на случајот.