Македонска банкарска асоцијација со соопштение до јавноста

Македонската банкарска асоцијација соопшти дека е надминат проблемот во врска со непреченото користење на услугите и производите на банките и штедилниците од страна на граѓаните на коишто им е истечена важноста на личната карта.

Како документ за идентификација на банкарските клиенти, покрај личната карта може да биде земена предвид и патната исправа (пасош), а пак граѓаните коишто не поседуваат ниту валиден пасош или патна исправа со важност продолжена до 31.12.2021 година, за користење на услугите и производите на банката/штедилницата на којашто е клиент ќе може својот идентитет да го потврди врз основ на увид во матичниот број на граѓанинот наведен во потврдата издадена од Министерството за внатрешни работи дека е поднесено барање за издавање на нова лична карта и дека постапката за издавање е во тек. Конкретно, станува збор за потврдата којашто редовно се издава при аплицирање (фотографирање) за нова лична карта, соопшти Македонската банкарска асоцијација.

Оттаму додаваат дека сите банки и штедилници веднаш започнуваат да го применуваат ваквиот начин на идентификување на клиентите коишто немаат валидна (важечка) лична карта, овозможувајќи им непречено користење на своите услуги и производи, се наведува од Македонската банкарска асоцијација.

Коментари

коментар(и)