Македонските државјани можат да патуваат во Австрија со потврда или негативен тест

Австриското Министерство за здравство  соошти дека 11 нови држави се вклучени на листата безбедни земји поврзани со пандемија на Ковид-19, со што се овозможува полесно патување на нивните граѓани во Австрија.

Новата уредба на Министерството за здравство на Австрија стапува во сила утре (24 јуни), а граѓаните на Северна Македонија, Албанија и Србија ќе можат да патуваат во оваа европска земја.

Покрај балкански држави, на листата безбедни земји се додадени и САД, Хонг Конг, Јапонија, Макао, Саудиска Арабија, Тајван, Тајланд и Виетнам.

Граѓаните на тие земји ќе можат да влезат во Австрија со потврда за вакцинација или негативен тест, или лекарско уверение дека прележале Ковид-19.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)