Матурантите денеска го полагаа вториот екстерен испит во рамки на задолжителната државна матура. Притоа тие имаа можност да изберат меѓу предметите математика, странски јазик, филозофија и естетика.
На ниво на државата, според наставниот јазик, на македонски за испитот денеска се пријавени да полагаат 10 886 матуранти, на албански 4134 и на турски наставен јазик 274.
Во саботата пак се полагаше првиот екстерен испит по мајчин јазик.