МВР соопшти дека во текот на изминатата вечер во периодот од 23.30 до 04.00 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во угостителски објекти во повеќе градови.
При контролата, приведени се четири лиц, од кои три поради нарушување на јавниот ред и мир, а едно лице 20-годишен скопјанец, поради тоа што кај него, во угостителски објект во населбата Илинден во Скопје, бил пронајден кокаин, информира МВР.