Изминатиот викенд во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода две лица поради сериозни прекршувања поврзани со малолетници и консумирање алкохол. Станува збор за 24 -годишно лице од Куманово и 41-годишен жител на селото Љубодраг, кумановско.
Акцијата била реализирана во содејство со инспектори од Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Управата за јавни приходи, при што била извршена контрола во угостителски објект во селото Доброшане, кој е во сопственост на 24-годишното лице.
За време на контролата, надлежните затекнале приватна прослава организирана од жителот на Љубодраг, на која присуствувале вкупно 15 малолетници. При проверките било утврдено дека 11 од нив консумирале алкохолни пијалаци, што претставува сериозно прекршување на законските одредби.
По целосно документирање на настанот, против двете лица ќе бидат поднесени соодветни пријави, а случајот ќе биде процесуиран согласно важечките прописи.