Во текот на изминатата недела, полициски службеници од Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 304 возачи, од кои 213 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 52 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 29 за управување возило без возачка дозвола и 10 за нерегистрирано возило. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопштија надлежните.
МВР: Над 300 казнети возачи на територијата на Куманово изминатата недела
