МВР: Санкционирани над двеста возачи во земјава

Во текот на вчерашниот ден (18.09.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 223 возачи. Од нив, девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 117 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 106 надвор од населено место.

Коментари

коментар(и)