МВР: Санкционирани 155 возачи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 155 возачи.

Од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 78 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 77 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.

Коментари

коментар(и)