МВР санкционираше четиристотини возачи во земјава

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 414 возачи.

Од нив 15 возилa се движелe со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 260 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 154 надвор од населено место. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.

Коментари

коментар(и)