Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 183 возачи. Од нив, 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело дури 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 54 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 129 надвор од населено место, соопшти МВР.
МВР: 183 санкции за брзо возење во земјава
