Во текот на вчерашниот ден (07.05.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 396 возачи. Од нив четири возила се движеле со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 182 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 214 надвор од населено место, соопшти МВР.
МВР: 396 санкции за брзо возење
