МВР: 75 товарни моторни возила упатени на вонреден технички преглед

МВР во текот на вчерашниот ден (19.10.2022) во периодот од 10.00 до 14.00 часот спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи при управување на товарни моторни возила.

При контролата 75 товарни моторни возила биле упатени на вонреден технички преглед од кои неисправни биле 34 и тоа, 13 поради техничка неисправност на уредот за запирање, девет за неисправни системи и опрема, четири за претовар, едно возило било со неисправен уред за управување… Во однос на возачите, 18 возачи бесправно управувале со возило, двајца возачи управувале возило за време на впишана прекршочна санкција „забрана за управување”… При контролата санкционирани се и 94 останати прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.

 

 

Коментари

коментар(и)