Два нови случаи на ковид -19 во Куманово од вкупно 16 на ниво на државата и еден оздравен кумановец од вкупно четворица излекувани пациенти, регистрира министерството за здравство во последните 24 часа. Според податоците од надлежните, во изминатото деноноќие не се евидентирани починати лица.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.732, бројката на оздравени пациенти е 150.104, на починати е 5.486, а бројот на активни случаи изнесува 142. Во Куманово има 11 активни случаи на ковид-19.