МЗ: За една седмица нови 273 случаи позитивни на коронавирус се регистрирани во Куманово

Во текот на изминатата недела (13.09 – 20.09) бројот на нови случаи во Куманово е 273, а активните случаи во Куманово се зголемени и нивниот број изнесува 914, заклучно вчерашната статистика на Министерството за здравство.

Вкупно 273 нови случаи позитивни на коронавирус се регистрирани во Куманово (заедно со Липково) во текот на изминатата недела.

Тоа е благо намалување ако се земе предвид дека неделата претходно во Куманово биле регистрирани 282 случаи и пред точно седум дена бројот на активни случаи изнесувал 898.

Во изминатата недела битката со вирусот ја загубиле 14 лица од Куманово и Липково, еден помалку во споредба со минатата недела.

Најмногу нови случаи за еден ден се регистрирани во вторник, вкупно 58.

Досега оздравени во Куманово се вкупно 9.453 од лицата кои биле позитивни на вирусот.

Вкупно 414 пациенти од Куманово починале од почетокот на епидемијата како резултат на компликации со вирусот, со што е на четврто место зад Скопје, Прилеп и Тетово.

Од почетокот на пандемијата во Куманово се регистрирани вкупно 10.756 случаи позитивни на коронавирусот со што е на второ место во државата според бројот на заразени, веднаш по Скопје со 79.429 случаи.

Од вкупната бројка на заразени, во овој момент активни се 13.052 случаи во целата држава. Пред Куманово во однос на активни случаи се Скопје и Тетово.

На ниво на државата од почетокот на епидемијата се регистрирани 186.914 случаи, од кои во моментот се активни 13.052. Излекувани се 167.402, а починати 6.460 пациенти.

Коментари

коментар(и)