МЗ: 18 нови случаи на ковид-19 во државата

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа  направени се 2.798 тестирања, а регистрирани се 18 нови случаи на КОВИД-19. Меѓу нив не се евидентирани кумановци. Регистрирани сe и 7 оздравени пацинети, а починати лица, нема во текот на изминатото деноноќие. Досега во земјата се направени вкупно 917.179 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.840, бројката на оздравени пациенти е 150.146, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 207.

Во Куманово активни се 12 случаи на ковид-19.

Коментари

коментар(и)