Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска се сретна со претставници на Синдикатот на УПОЗ. На средбата се разговарало за покачување на платите на административните работници, исплата на регресот за годишен одмор за 2020 година, за бенефициран стаж на давателите на услуги во центрите за социјална работа и изнаоѓање на начин за репрезентативноста на Синдикатите во колективното договарање.
Претставниците на Синдикатот на УПОЗ предлагаат покачувањето на платите на административните работници да биде скалесто, бидејќи системот на плати во администрацијата не е поврзан со минималната плата, туку се дел од Законот за административни работници. Во таа насока тие побараа и измени во Законот.
Министерката Тренчевска посочила дека прашањето за покачување на платите во администрацијата ќе го отвори на владина седница, бидејќи стандардот на работниците се приоритет на Владата.