МКК Куманово утре против КК Куманово

Љубителите на кошарката во Куманово утре ќе можат да го проследат првото градско кошаркарско дерби меѓу екипите на МКК Куманово и КК Куманово.

Станува збор за натпревар од осмото коло на Втората кошаркарска лига, каде двата кумановски клуба ќе си ги одмерат силите.

Под тренерска палка на Марин Докузовски МКК Куманово сезонава има извонредни резултати и по седум одиграни натпревари е апсолутен лидер во табелата без ниту еден пораз.

Од друга страна, некогашниот вицешампион на Македонија, КК Куманово 2009 кој по минатогодишните финансиски проблеми испадна од Првата лига, сезонава бележи многу лоши резултати.

Утрешната историска средба на двата клуба ќе се одигра во спортската сала на СОУ „Перо Наков“ со почеток во 18:00 часот.

Коментари

коментар(и)