МОН: Деновиве ќе бидат објавени сите резултати од Конкурсите за доделување на ученички стипендии за учебната 2023-2024 година

Се уште не се објавени сите резултати од Конкурсите за доделување на ученички стипендии за учебната 2023-2024 година. Иако беше најавено дека до први декември годинава ќе бидат објавени резултатите од сите објавени конкурси за стипендии, сепак и после една седмица од најавеното, на сајтот на Министерството за образование и наука може да се видат само резултатите од Конкурсот за доделување стипении за средношколци Роми во 4 категории, објавени на 16 ноември, резултатите од Конкурсот за доделување на стипендии за ученици запишани во ДСУ „Спортска академија“ и резултатите од Конкурсот за доделување на стипендии за ученици запишани во ДСУ „Математичко – информатичка гимназија“, објавени на 13 ноември годинава.

Од МОН денеска информираат дека заради огромниот интерес и апликации за стипендиите, особено од учениците во стручното образование, резултатите од останатите конкурси ќе бидат објавени деновиве на официјалниот сајт на Министерството за образование и наука.

Коментари

коментар(и)