Министерството за образование и наука го објави Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта.
Во учебната 2025/2026 година во средните училишта во Куманово, според Конкурсот на Министерството за образование и наука (МОН) ќе можат да се запишат 1.951 деветоодделенци.
Во Гимназијата „Гоце Делчев“ има слободни места за вкупно 306 ученици во 9 паралелки.
Во СОУ „Перо Наков“ предвидено е да се запишат 202 ученици во 7 паралелки со настава на македонски јазик и 184 ученици, во исто толку паралелки за настава на албански наставен јазик.
Во ДСУ Регионален центар „Киро Бурназ“ можат да се запишат вкупно 384 ученика во 15 паралелки.
Во техничкото училиште „Наце Буѓони“ предвидени се 637 слободни места, во 19 паралелки – 297 ученика во 9 паралелки за настава на македонски јазик и 10 паралелки, односно 340 ученици на албански јазик.