СВР Куманово информира дека вчера во 13 часот и 05 минути било пријавено дека на крстосницата од улиците „100“ и „21“ во населбата Карпош, мотоцикл со кумановски регистарски ознаки, управуван од 38- годишен кумановец удрил во малолетен пешак. Во незгодата мотоциклистот и пешакот се здобиле со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Куманово. Екипа од СВР Куманово извршила увид на местото на несреќата, соопштија надлежните.
Мотоциклист удри во дете во населбата Карпош
