Министерството за труд и социјална политика известува дека почнува етапната исплата на пензиите за септември, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено.
Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:
За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши денеска, за оние до 14.000 денари утре, за пензионерите со примања 14.000 до 18.000 денари, исплатата е во понеделник и за лицата над 18.000 денари, исплата е во вторник.
Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од денеска. Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.