Во рамки на програмата за одбележување на 25-годишнината од откривањето на Кокино, НУ Музеј Куманово на 12 септември 2026 година, со почеток во 18:00 часот, го организира музичкиот фестивал „Кокино – Тврдина на Сонцето“.
Во уникатниот природен и археолошки амбиент на Кокино, публиката ќе има можност да ги проследи настапите на Funk Shui, Дина Јашари, Galoski, Next to Silence, Diva Камерен оркестар и Марија Димковска, артисти кои носат различни изрази од современата музичка сцена.
Фестивалот е дел од пошироката јубилејна програма посветена на 25 години од откривањето на Кокино, а неговата цел е преку современа музика и култура да се отвори уште еден начин на доживување и комуникација со овој исклучителен локалитет.
Спојот на музиката, природниот пејзаж и археолошкото наследство треба да го претстави Кокино не само како сведоштво за минатото, туку и како жив простор за современа култура и средба со новата публика.
Влезот на фестивалот е бесплатен.
„Кокино – Тврдина на Сонцето“ е дел од програмата по повод 25 години од откривањето на Кокино, финансирана од Министерството за култура и туризам.