Мургашанска: Владата обезбеди средства за Спортската сала

„Владата ги врати Спортската сала и Соколана на општината и Владата обезбедува средства за нејзината реконструкција. Тоа што некој се обидува да си ги препише заслугите на Владата на своја сметка е чиста манипулација, истакна на прес конференција Атина Мургашанска од СДСМ.

-Објектот Спортска сала, еден од одбележјата на градот, многу добро знаете дека е вратен во владение на Општина Куманово од страна на Владата предводена од СДСМ.  Истиот овој објект започна со својата реконструкција. Изминативе денови започна кровната реконструкција за која дел од средставата се обезбедени преку проект на  Североисточниот плански регион, а дел преку програмата на Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој. Тоа што некој се обидува да си ги препише заслугите на Владата на своја сметка е чиста манипулација за кумановската јавност. Владата на РСМ е таа што ги врати Спортската сала и Соколана во владение на општината и Владата обезбедува средства за реконструкции на истата- ова е вистината. Градоначалникот Димитриевски постојано зборува во прво лице еднина, а заборава дека токму Владата и досегашнот Совет на Општина Куманово беа со него во донесувањето на значајни одлуки за Куманово. Пред да се закити некој со заслуга, најпрвин треба да даде образложение и да го покаже својот придонес на дело. Затоа, пред да излезете на 31- ви на гласање, погледнете ги фактите и делата кои зборуваат за заслугите-нагласи таа.

Коментари

коментар(и)