На Меѓународниот поетски фестивал,,Вилијам Шекспир” организиран од писателката и поетеса Милица Паулус ученици од основното училиште „Магдалена Антова“ твореа за љубовта, а најголем дел од нив беа наградени, објави училиштето.
Престижна награда за Илина Младеновска од 4 одд. Ментор: Фросина Додевска Јанчиќ.
Престижна награда и за Ангелина Блажевска 8 одд. под менторство на наставничката по македонски јазик и литература Христина Алексовска.
Прва награда освои Ања Цветановска 8 одд. Ментор: Христина Алексовска.
Втора награда за Меланија Трајковска 9 одд. Ментор: Валентина Петрушевска.
Трета награда освоија Ангела Николевска 9 одд. и Сара Димчевски 8 одд. Ментор: Христина Алексовска.