Наградени ученици од „Христијан Карпош“ на Регионален натпревар по математика за основно образование

Ученици од основното училиште „Христијан Карпош“ Куманово постигнаа одлични резултати на 40-от Регионален натпревар по математика за ученици од основно образование кој се одржа на 26-ти март годинава, организиран од Сојузот на математичари на Македонија ( СММ).

Наградените ученици се:

– Алекс Стојилковиќ од Vб одделение освои прва награда – ментор Александра Павловска

– Лина Димковска од Vб одделение освои прва награда – ментор Александра Павловска

– Ангел Димковски од Vб одделение освои втора награда – ментор Александра Павловска

– Богдан Симоновски од IXб одделение освои третата награда – ментор Виолета Митровска

Натпреварот се реализираше во 18 региони, во училиштата – домаќини, преку организирана работа на координаторите, менторите на учениците и делегатите.

Коментари

коментар(и)