Советниците на денешната седница ја изгласаа предлог – одлуката за распределба на финансиски средства наменети за организирање на превентивни мерки и активности од областа на социјалната и детската заштита за 2025 година.
Предлог -одлуката накратко ја образложи раководителот на секторот за култура, спорт, социјална и детска заштита, Александар Крстевски.
„Вкупно 13 организации аплицираа на јавниот повик објавен од општина Куманово, пет од нив не добиле средства бидејќи не ги исполнувале условите. Вкупниот буџет наменет за организирање превентивни мерки и активности од областа на социјалната и детската заштита изнесува 1 150 000 денари, истакна Крстевски.