Над триста возачи казнети изминатиот викенд

Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи. Притоа, на подрачјето на СВР  Куманово биле санкционирани вкупно 333 возачи, од  кои 285 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 31 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 14 за управување возило без возачка дозвола и три за нерегистрирано возило. Санкциониран е едeн возaч поради возење под дејство на алкохол, односно по алкотестирање му биле измерени 2.22 промили.

Коментари

коментар(и)