(ВИДЕО) Наскоро започнува реконструкцијата на Театар Куманово

Театар Куманово наскоро ќе започне да се реконструира, а вработените веќе се сместуваат во центарот за култура каде што ќе останат се до целосното реновирање на институцијата. „ Се додека трае реконструкцијата, на сцената во центарот за култура ќе се изведуваат и театарските претстави“ , информира директорот Сашо Тодоровски.

-Очекуваме овие денови да го потпишеме договорот со фирмата која доби за изведба на Театар Куманово така што веќе започнавме со преселба на Театар Куманово во центарот за култура и ќе почнеме да функционираме тука како една институција. Очекуваме дека реконструкцијата на театарот ќе трае малку подолго, две до три години со обезбедување на средствата од министерството меѓутоа мораше да се започне и една таква постапка конечно да се реконструира и Театар Куманово. Реконструкцијата би требало да започне кон крајот на месецот или во почетокот на месец август. Првата фаза се предвидува да трае шест до седум месеци, а идната година ќе ќе биде финалнта фаза, изјави Сашо Тодоровски, директор на НУЦК „Трајко Прокопиев“

Реконструкцијата на зградата на театарот е опфатена во Годишната програма за инвестиции во културата за 2021 година и истата содржи проектни активности кои ќе се реализираат од страна на Министерството за култура и националните установи од областа на културата што се носители на активностите. Инаку, Театар Куманово веќе петнаесетина дена работи на претставата „ Драма изгубена во времето“, која премиерно ќе биде изведена на 29-ти јули во центарот за култура.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)