Најавени се планирани прекини на снабдување со електрична енергија во среда неделава на неколку улици во Куманово, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи врз основа на податоци добиени од ЕВН Скопје.
Како што пишува во дневниот билтен, на 11 февруари годинаав во периодот од 08.30 – 14.00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците на улиците „Никола Карев“, „Живко Чало“, „Магдалена Антева“ и „Моша Пијаде“, а прекини ќе има и во населбата Доброшане.