На „Денови на комедија“ вечерва претставата „Службогонци“

Во Центарот за култура вечерва во рамки на меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“ ќе се изведе претставата „Службогонци“ на Драматичен театар Ловец од Бугарија. Комедијата е според текстот на Иван Вазов, а во режија на Николај Урумов.

До крајот на фестивалот остануваат уште претставите „Сумљиво лице“ на Приштинско народно позориште, „Малиџано“ на Театар Битола, „Малограѓанска свадба“ на Театар Тетово, „Слуга на двајца господари“ на Театар Велес и премиерата на кумановскиот театар „Секс и лаги“.

Коментари

коментар(и)