На граничниот премин Табановце , вчера попладне полициски службеници привеле 27-годишен струмичанец.
При пасошка контрола било утврдено дека во службената евиденција се бара по телеграма од ОВР Кавадарци, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“.
Лицето било предадено на полициски службеници од СВР Велес за понатамошна постапка, соопшти МВР.