Екипи на ТППЕ Куманово во текот на изминатото деноноќие гаснеле опожарен отпад во населбата Перо Чичо, опожарена сува трева во липковското село Слупчане, а имале и техничка интервенција – отворање на стан на улицата „Тоде Думба“, додека пак нивните колеги од Старо Нагоричане интервенирале на опожарено стрниште во близина на ресторанот Баба Цана, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Според билтенот на РЦУК, на бројот 112 е регистрирана пријава од жител на населбата Бабин Дол за појава на влекач -змија во неговиот дом. За случајот веднаш била известена приватната фирма Плант Медика чија дејност е дезинфекција, дезинсекција и дератизација.